Во текот на вчерашниот ден во Македонија пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“ кои почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.
Ххрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или „Модерна“, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
На заедничката прес-конференција со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ, Филипче информира дека разговарале за епидемиолошката ситуација и за мерките.
Министерот Радман се обрати на македонски јазик и истакна дека со донација од 10.000 дози вакцини, Република Хрватска искажува решителност и подготвеност за конкретна помош на своите најблиски соседи за целиот процес на борбата против коронавирусот да биде што е можно посупешен.
„Владата на Релублика Хрватска на вчерашната седница ја донесе одлуката за донирање на дополнителни 20.000 дози вакцини на Македонија“, нагласи Радман.