10 месеци позитивен на корона: Смит бил позитивен на корона 43 пати, 7 пати бил хоспитализиран


Научниците го проучуваат случајот на еден човек во Бристол кој оздравел и покажал негативен тест после 290 денови инфекција со со Ковид-19.

Дејв Смит, 72 години, е инструктор за возење и музичар кој ги поминал последните 10 месеци со активна инфекција со коронавирус и 43 пати бил позитивен на Ковид-19. Бил хоспитализиран 7 пати.

Неговиот имунолошки систем бил ранлив на вирусот по дијагностицирање на леукемија и третман со хемотерапија.

Дејв на крајот бил третиран со нова мешавина на антивирусни лекови обезбедена од американската компанија „Регенерон“.

Смит за „Гардијан“ изјавува:

„Во еден момент бев врзан за кревет два-три месеци. Жена ми мораше да ме мие и да ме бричи во кревет, бидејќи едноставно не можев да станам.  Доаѓате до точка да се плашите од животот повеќе отколку од смртта“.

На моменти, здравјето на Смит се влошило толку многу што ги повикувал членовите на семејството за да се прости од нив. Тој вели дека неговата сопруга започнала да организира погреб 5 пати.

„Кога и да бев лошо, беше навистина лошо – бев на работ на смртта“, вели тој.

Здравјето на Смит полека започнало да се подобрува во текот на неколку недели, откако лекарите спровеле терапија со антитела „Регенерон“. Тој бил негативен на Ковид-19 тест околу 45 дена подоцна, вкупно 311 ден од почетокот на неговата инфекција.

Терапијата со Регенерон сè уште не е одобрена за употреба во Велика Британија. Му била дадена на Смит поради сериозноста на неговиот случај.

Велика Британија ITV News известува дека случајот на Смит треба да биде презентиран од истражувачите на Универзитетот во Бристол и Националната здравствена служба на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести (ECCMID) во јули, кој го опишува неговиот случај како „најдолга инфекција забележана до денес “.

Сега научниците од Универзитетот во Бристол го проучуваат случајот на Дејв за да се обидат и разберат како Ковид делува и мутира во телото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи