МТСП со барање за зголемување на бројот на деца згрижени во градинките

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) од Комисијата за заразни болести со барање да се дозволи дополнително зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките согласно постојната епидемиолошка ситуација која е стабилна.

„Вакцинацијата како процес непрекинато се одвива. Најпрво, на почетокот во март голем дел од вработените се пријавија на нашиот повик за да бидат вклучени во процесот на вакцинација. Но, сега дополнително списоците со останатите вработени се испратени во Комисијата за заразни болести и во МЗ. Ние сме во дневна комуникација со нив околу правењето приоритети и важноста колку е значајно останатите вработени во градинките да бидат вакцинирани. Тука не говорам само за воспитувачи и негуватели, туку и за стручните работници, за готвачите, помошно-техничкиот персонал…, бидејќи ни е важно децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани и на тој начин да се превенира можност за инфекција. “, рече Шахпаска.

Претходно, со допис до министерството за здравство, МСТП ја зголемила бројката да биде 15, 20 деца во групи.

„Сега испративме нов допис со оглед на епидемиолошката остојба во државата која е стабилна да може да се зголеми бројот на деца, секако со почитување на мерките за превенција од инфекција со коронавирусот“, вели Шахпаска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи