Во текот на изминатото деноноќие (04.07/05.07.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 63 прекршоци.
Од неодамна беше укината мерката за носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група, но останува на важност мерката за задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.