Земјоделците го канат Пендаровски да ги поддржи на протестот во Прилеп, како што ја поддржа ЛГБТ заедницата


Земјдоделците денеска преку писмо го поканија претседателот на државата, Стево Пендаровски, да ги посети на протестот што на Петровден, на 12 јули, ќе го организираат во Прилеп и да им даде поддршка. Ова го правеле поради тоа што ниту една друга институција не сакал да им излезе во пресрет на нивните барања.

Еве што порачуваат земјоделците во писмото:

„Поради незаитереситаноста на владата и министерстото за земјоделие шумарство и водостопанство за решавање на нашите проблеми како и пробивањето на СИТЕ законски рокови и обврски за исплата на субвенции и ковид пакети од државата кон земјоделците, ние сме доведени во крајно незавидна финансиска ситуација, па оттука цениме дека немаме повеќе партнер за разговор во горенаведените институции, и поради тоа сме приморани да организираме протест на 12.07.2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12 часот.

Затоа:

Јавно ве покануваме да присуствувате на овој протест од кој дирекно ќе бидете запознаен за нашите проблеми како и на лошите законски решенија од минатото на дел од кои и вие сте потпишан, како и да ве запознаеме дирекно со негативните ефекти кон земјоделците кои ке ги донесат законските решенија кои се во најава, пред се законот за зелена такса како и законот за продажба за државно земјиште пред да ги потпишете.

Освен ваше лично присуство, секоја друга подршка или немање на одговор од ваша страна на оваа наша јавна покана ние земјоделците ќе добиеме впечаток дека и на вас како претседател на државата ви е поважна ЛГБТ заедницата, на која вие јавно и со лично присуство и дадовте поддршка отколку ние кои ја храниме цела држава

Со почит

Жолто тутунско злато, Тутунарска мака, Тутунари земјоделци, Тутунска надеж“, се вели во писмото на земјоделците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи