Неколку години на Исланд се тестира модел на четиридневна работна недела, односно работниците земаа иста плата за помалку работни часови. Резултатите за ваквиот систем покажале одличен успех и довеле до тоа многу работници сега да работат помалку часови.
Во експериментот за четиридневна работна недела учествувале повеќе од 2.500 работници, што изнесува околу 1 отсто од работоспособното население на Исланд.
„Како резултат на ова, синдикатите преговараа за нови шаблони на работа и сега, 86% од работоспособното население на Исланд или работи помалку часови за иста плата или ќе го добие тоа право. Работниците кажаа дека чувствуваат помалку стрес и исцрпеност и дека им се подобриле здравјето и балансирањето на работата и приватниот живот“, велат истражувачите од организациите Автономија и Асоцијација за одржлива демократија.
Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучително и во Шпанија и Нов Зеланд.