Поштенски жиг – 100 години од раѓањето на Васко Карангелески, народен херој на Југославија

Facebook
Twitter
Email
Print


Пошта на Македонија изработи пригоден поштенски жиг, со што денес се одбележуваат 100 години од раѓањето на народниот херој, генерал Васко Карангелески.

Пригодниот поштенски жиг од утрово се употребува во Битола, во сите единици на поштенската мрежа 7000, а потоа пригодниот поштенски жиг трајно ќе се чува во Бирото за филателија.

Васко Карангелевски (Брусник, Битолско, 7 јули 1921 – Македонски Брод, 3 февруари 1977) — македонски комунист, првоборец и генерал-полковник на ЈНА.

Прогласен е за народен херој на Југославија.

Животопис

Васно Карангелевски е роден во битолското село Брусник, на 7 јули 1921 година, во печалбарско семејство. Мајка му работела по туѓи ниви, а тој уште како млад бил земјоделски работник и чувал туѓ добиток. По бомбардирањето на Белград, Васко се вклучил кон новоформираната младинска група во селото.

Учество во НОБ

Во војната учествувал од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Бил член на СКОЈ од 1941 година и член на КПМ од 1943 година. Заедно со одредот, Васко Карангелевски се движел по планините: Пелистер, Баба, Вич. Набрзо станал командир на чета, а потоа и командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија.

Во текот на декември 1943 година, кога Германците подготвувале офанзива против бригадата, Васко Карангелевски учествувал во борба гради во гради. Резултатот од таа борба бил: педесет убиени Германци, четириесет и двајца заробени, осумдесет пушки, десет полуавтоматски пушки, два митралеза, два минофрлачи, десетина илјади куршуми и стотина мини. Со баталјонот „Стив Наумов“ учествувал во Февруарскиот поход. Кога била формирана Третата македонска ударна бригада, Карангелевски бил назначен за командант на баталјон. Со овој баталјон Карангелевски учествувал во многу борби: кај Ново Село, кај Пробиштип, во офанзивата на Герман Планина, на Плачковица, Огражден и други.

За народен херој бил прогласен на 29 ноември 1953 година.

По ослободувањето

По Ослободувањето дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на ЈНА. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Бил член на ЦК на КПЈ. Загинал во несреќен случај, за време на лов на терените на планината Караџица.

Во негова чест се наречени една улица во општина Битола и една во општина Аеродром. Карангелески за време на антифашистичката војна 1941-1944 година бил заменик командант на баталјонот „Стив Наумов“, командант на Петтата и Седмата бригада, а за време на ослободителната борба бил и командант на 49. Македонска дивизија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи