Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.