Во мај издадени 300 одобренија за градење, планирани 615 станови

Facebook
Twitter
Email
Print


Во мај годинава се издадени 300 одобренија за градење, што е за 86,3 % повеќе во однос на мај лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 164 (54.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 27 (9.0 %) за објекти од нискоградба и 109 (36,3 %) за објекти за реконструкција. Кај 145 објекти (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 155 (51,7 %) инвеститори се деловни субјекти.

Гледано по региони, најголем дел од одобренијата, 85, се издадени во Скопскиот регион, по што следи Вардарскиот со 65, Полошкиот со 40,…., а најмалку се во Североисточниот, каде се издадени 8.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 49 094 метри квадратни.

Најголемиот дел од предвидените станови, се во Скопје каде ќе се градат 406 станови. Станува збор за 163 стана во Општина Гази Баба, 64 во Кисела Вода, 60 во Сарај, 47 во Карпош, 44 во Центар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи