Џиновските панди повеќе не се загрозен вид


Џиновските панди повеќе не се класифицирани како загрозени. Откако нивниот број во дивината се зголеми на над 1.800 единки, Кина ја промени нивната класификација во ранливи.

Експертите велат дека Кина успеала да ги спаси овие животни благодарение на долгорочните напори за зачувување, вклучително и проширување на нивното живеалиште. Тука особено се потенцира напорот за регенерирање на бамбусовите шуми, на кои отпаѓа 99% од исхраната на пандите без која не можат да преживеат.

Исто така значајни беа и напорите на зоолошките градини кои се обидоа да го зголемат бројот на панди преку методи на размножување во заробеништво.

Кина пандите ги смета за национално богатство, но исто така често ги позајмува на други држави како дипломатски гестови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи