ВИДЕО – Претставници од Италија и Романија се обучуваа кај нас како да ги поддржат нивните млади да добијат вработување


Ако досега ние како држава постојано добивавме обуки и насоки од ЕУ за тоа како да се развиваме во повеќе општествени сфери, сега можеби за прв пат една македонска невладина организација, ЛАГ АГРО ЛИДЕР, во Крушево, спроведе обука за тренери за поддржано вработување на млади. Односно претставници од Италија и Романија се обучуваа со вештини, знаење и алатки како потоа на младите во нивните земји да им помогнат побрзо да се вработат.

„Идејата да се креира еден ваков проект со партнерство со земјите од ЕУ е тоа што стапката на младинската невработеност и во Македонија и во Романија и во Италија е на високо ниво, а особено пандемијата со Ковид 19 дополнително претставуваше предизвик да ја изгубат работата, меѓутоа и да не можат да пристапат на пазарот на трудот и да добијат вработување. Оваа иницијатива беше прифатена од евалуациониот тим на Еразмус плус програмата и затоа сега запчнуваме да ги спроведуваме нашите актривности. ЛАГ АГРО ЛИДЕР подолг период спроведува услуги за поддржано вработување на младите, имаме забележано значајни резултати и мило ми е и задоволство ми е што ќе може нашите добри практики за спроведување на Услуги за поддржано вработување да ги пренесеме на нашите партнер организиации од Италија и Романија“, вели Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Целиот проект беше фокусиран на иницијативата за младинско вработување и како може да им се помогнеме на младите за специфични работи или специфични пракси преку разни алатки кои може да ги користат за да ја постигнат својата цел.

„Ова беше тренинг за младински работници, поддржан од Еразмус+ програмата. На овој тренинг учевме нови методи и алатки како да станеме тренери за младите за нивниот понатамошен развој и можности за вработување. Со овие методи и алатки ќе бидеме во можност за да обезбедиме поддршка за вработување за младите, па работевме и споделивме добри практики со нашите партнери“, рече Александра Стеваноска – ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Овој тренинг за младински работници е поддржан од Еразмус+ програмата, Клучна Акција 2 стратешки партнерства за млади и Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Ова е можност за да се развие капацитет за вмрежување, за развој на нови методи. Моментално во Италија немаме развиено ваков метод и затоа сме многу возбудени да го научиме и да го спроведеме овој нов метод. Ова е одлична можност и се надеваме дека ќе го развиеме овој метод во нашата локална заедница во Италија“, истакна Луиџи Балако учесник на обуката од Италија.

 Сметам дека работите кои што ги научив овде ќе ми помогнат во реалниот свет, ако сакам да ја сменам мојата работа или да почнам нова, бидејќи информациите и алатките и се она што научивме овие денови се многу корисни. Сметам дека многу заедници може да искористат многу од ова за да ја подигнат свесноста колку е важно да се биде подготвен за пракса, за прашања, да се знае како да се напише мотивационо писмо, кратка биографија, да се знае како да се однесувате кога сте на интервју“, рече Даниела Пугна, учесник на обуката од Романија.

Како финален резултат од овој проект ќе биде креирањето на водич што ќе биде голема поддршка и корист за вработување на младите и намалување на стапката на невработеност и обезбедување на подобар живот на младите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи