Не биди ѓубре: Малите чекори можат да направат големи промени – акција за собирање ѓубре

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премногу пластична амбалажа и секакво ѓубре се фрлаат во нашите реки, шуми и на излетничките места. Колку инспектори и да шетаат низ државава и да казнуваат нема да постигнат  за да одат по секого и да му бидат зад грб за да го опоменуваат или казнуваат.

Викендов, брачна двојка во акција за собирање ѓубре кај вештачкото езеро во Прилеп. Како што кажува прилепчанката Богеска, таа ја споделува првата објава на Фејсбук за ваква акција со цел да се мотивираат граѓаните и потсетува дека малите чекори можат да направат големи промени.

„Секоја прошетка во природа со сопругот  ни завршува со собирање ѓубре. Денес решивме да одиме малку поспремни па зедовме и некоја вреќа со нас.

Мислам колку и да носиме малку е. Посебно ако одиме на места каде што посетеноста е поголема. Собравме колку што имавме место, зад нас остана уште многу да не се лажеме. Секогаш собираме и ќе продолжиме така.

Ова е прва јавна објава иако зад нас имаме многу мини акции на дневна база. Можеби нашиот пример ќе мотивира други луѓе дека не е важно дали ќе бидете голема група или само еден, двајца секое дело е добро дело. Малите чекори можат да направат големи промени“, пишува Богеска.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи