„Пејзажни фасцинации“ од прилепскиот уметник Атанас Атанасоски во Ликовната галерија во Цепенков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ поставена е изложбата – инсталација „Пејзажни фасцинации“ од прилепскиот уметник Атанас Атанасоски.

Атанас Атанасоски, кој од рециклирани материјали реализира изложби – инсталации, повторно деновиве се претставува со ново дело во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Овој пат тоа е инсталацијата „Пејзажни инсталации“, а идејата за реализација на  проектот е продолжение на претходните, кои имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот.

„Изложбата нуди можност за пристап кон уметничкото изразување, кое поради растечките еколошки и социјалните проблеми станува се порелевантно и социјално ангажирано. За жал, во последно време пластиката за еднократна употреба е дел од нашето секојдневие, количините од овој отпад постојано се зголемуваат и сериозно ја загрозуваат почвата и водите. Рециклирањето и воспоставувањето системи за управување со пластичен отпад е од витално значење за заштита на животната средина. Се надевам дека мојот проект за кој користам употребени пластични шишина ќе потикне решение за овој глобален проблем“, вели уметникот Атанасоски.

Прилепчани имаат можност да проследат интересна изложба, која е дел од програмата за работа во 2021 на ЦК „Марко Цепенков“, поддржана од Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи