Сугарески официјално се повлече од Царина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пред неколку денови, Горан Сугарески објави дека има намера да се кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори во октомври од редовите на СДСМ, па денеска го мина својот последен работен ден како директор на Царинската управа.

„Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа.

Почитувани колеги,

Искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија.

Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период. имавме изминатиов период“, напиша поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи