Филипче: Не се планираат рестрикции на граница за странците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Епидемиолошката состојба е стабилна и нема потреба од воведување на рестрикции на границите, вели министерот за здравство.

На новинарско прашање дали се размислува за воведување на вакви мерки барем за странските државјани, Филипче посочи дека таквата мерка не е логична.

„Во таа смисла сега ситуацијата е навистина мирна. Имаме различни сценарија во различни земји во кои и покрај тоа што има рестриктивни мерки во смисла на тоа да се бараат документи, има огромен пораст на случаите. И затоа ставаме акцент на вакцинацијата како единствен механизам да се зголеми колективниот имунитет и да се спречи нов бран“, изјави Филипче. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи