За вакцинација на децата во Македонија ќе мора да се закажува термин.
Закажувањето ќе се одвива преку сајтот vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Пријавувањето почнува денеска, а ќе се одвива до четврток кога заинтересираните ќе ги добијат термините за вакцинирање.
„Вакцината на „Фајзер“ кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи што значи дека родителите и старателите ќе може да ги регистрираат и од петок ќе започне апликацијата на вакцините“, појасни Филипче.