Компаниите што се од текстилната индустрија, а кои не произведуваат облека, туку се занимаваат со производство на конец, текстил и други текстилни производи – како на пример производителите на душеци, перници и постелнина, во пандемијата поминале дури и со подобар финансиски резултат, отколку што заработувале претходно. Пандемијата „не зароби“ по дома, креветите се претворија во училишни бироа и во канцеларии, па, потрошувачката за домашниот конфор се зголеми, но затоа настрада производството на облека – облеката минатата година стана производ што не само што малку се бара, туку во еден временски период, во Германија каде што и најмногу извезуваме, стана и недостапна поради „локдауннот“.
Ова се одсликува во податоците за 10-те најголеми текстилни компании кои не произведуваат облека и 10 – те компании за производстви на облека, што ги анализираше порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк.
Минатата година, од текстилниот сектор, најголема компанија по приход, но и по добивка, била „Комфи Ангел“ од Прилеп. Оваа компанија се занимава со производство на душеци, перници, и постелнина. Ланскиот приход и бил над 33 милиони евра, а остварената добивка над 2 милиои евра, или 42 проценти повеќе отколку во 2019 година. Сепак, лани бројт на вработените во компанијата се намалил за 18. Односно, во 2019 година биле вработени 808 работници, а во 2020-та 791.
Од првите 10 најприходни компании од оние кои не произведуваат облека, најголем скок на добивката, од дури 1.721,6 проценти, е забележан кај „Илфа текстил“ од Гостивар која се занимава со ткаење на текстил. Лани оваа компанија имала приход од над 2,2 милиони евра, а добивата и била околу 33.000 евра, додека во 2019 година, компанијата имала приход од 1.800 евра, но интересно е што тогаш компанијата ја направила оваа помала добивка со значително поголем приход, речиси за 50 отсто повеќе отколку реализираниот во минатата година.
Голем скок на добивката имала и „Лутекс“ ДОО Велес , браунфилд инвестиција во поранешната “Нонча Камишова’, а која се занимава со производство на индустриски и технички текстил. Оваа фабрика лани имала приход од над 4,2 милиони евра, а добивката од над 57.000 евра е поголема за дури 431,2 проценти од остварената во 2019 година.
Меѓу овие текстилни компании кои не произведуваат облека, со намалена добивка помина компанијата „Адиент“ (поранешна “Џонсон контролс“). Таа има две фабрики, со посебни фирми „Адиент сеатинг ДООЕЛ“ од Штип и „Адиент аутомотиве ДООЕЛ“ од Струмица. Струмичката фирма произведува автомобилски седишта, а штипската ги произведува навлаките за автомобилските седишта. И двете компании се со добивки, штипската е во плус од над 1,5 милиони евра, но тоа значи намалена добивка од 12 проценти. Струмичката, пак, е со добивка од над 730 илјади евра и таа е за дури 39,8 проценти помала отколку во 2019 година.
Топ 10 текстилни компании по приход, а кои не произведуваат облека
Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк
Од компаниите што имаат шифра произведство на облека, најпрофитна е „Арини фешн“ од Прилеп. Но,таа всушност произведува чорапи и хулахопки. Од тоа, комапнијата минатата година инкасирала вкупен приход од речиси 10 милиони евра, со добивка од над 1 милион евра, што е 5 пати повеќе отколку во 2019 година.
Втората по приход е „ЕАМ ДОО“ од Штип која произведува долна облека – маици, поткошули, бебешка облека, а се занимава и со принтање и вез на облека. Со приход од над 6 милиони евра, компанијата лани остварила добивка од над 1,2 милиони евра и таа е за 226 проценти поголема од онаа во 2019 година.
Овие две компании, всушност имат шифра „производство на плетена и хеклана облека“. Од другите 7, кои се со шифра „производство на облека, освен облека од крзно“, четири се со намалена добива, при што падот е од 7,99 проценти до 87,56 проценти, една компанија („Окитекс“) е во загуба и три компании се со поголеми добивки во 2020 година во однос на 2019 година.
Во Македонија има 265 компании кои се занимаваат со тектил, но не се во секторот производство на облека, како и 1.133 компании што произведуваат облека.
Топ 10 компании за производство на облека, според остварен приход
Износите се изразени во евра | Извор: БизнисМрежа.мк
Редакција Пари