По повод јубилејот 25 години од одржувањето на првиот концерт, од „Фолтин“ најавуваат 3 бесплатни концерти за вљубениците на оваа музичка група што ќе се одржат во текот на јули.
25 јули – летна сцена во Центарот за култура во Струга;
29 јули – летна сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп;
31 јули – амфитеатар во Велес.
Сите концерти започнуваат во 21 часот, а влезот за посетителите е бесплатен, информираат од „Фолтин“.
На претстојните концерти ќе се свират најновите и најубавите стари песни. Од групата најавуваат концертна промоција и на песните од најновиот албум “Симултан бакнеж”, кој беше промовиран на почетокот од јули во МКЦ – Скопје.
Домашната мини турнеја низ земјава е финансиски поддржана од Министерство за култура и се одржува во соработка со Центрите за култура од наведените градови и Општина Велес.