Германската национална авиoкомпанија „Луфтханза“ќе користи родово неутрални термини, изјави портпаролот на компанијата, па кога ќе патувате со нив нема да го чуете поздравот од пилотската кабина „Дами и господа“.
Новата терминологија во обраќањето, ќе се применува во сите подружници на компанијата вклучувајќи ја Австрија, Швајцарија,Еуровингс и Брисел Ерлајнс, јавува германската новинска агенција ДПА.
Останатите обраќања на пилотите кон патниците е по слободен избор, но и тука треба да се користат поздравите „Добар ден“, „Добро вечер“ или „Добредојдовте“, информираат од Луфтханза.