Генералниот директор на „Астра зенека“ , Паскал Сорио (61 година) купил нова куќа во отмениот кварт Мосман во Сиднеј. Населбата е еден вид австралиски Беверли Хилс, а за куќата платил речиси 8 милиони долари.
Куќата е четирисобна дизајнерска вила, во која има и голем подрум, домашно кино и сала за вежбање.
Платата на Сорио изнесува 27,5 милиони долари. Оваа фармацевтска компанија е петта по големина во светот.
Сорио има двојно државјанство: француско и австралиско. Неговите деца и внуци денес живеат во Австралија. Во март оваа година тој за австралиските медиуми изјави дека силно се залага вакцината да се произведува во Австралија бидејќи сака да ја обезбеди стратешката независност на таа земја.
Сорио има тројца браќа и сите се лекари, а во фармацевтската индустрија е од 1982 година.
Тој ја почнал својата кариера студирајќи ветеринарна медицина, а неговата прва работа била ветеринар за коњи. Работел разни работи во Токио, Америка и во Австралија, каде што и останал.