На 13.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 31 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената, 21 возач управувале возило без возачка дозвола, седум возила биле со измината регистрација, тројца возачи разговарале на мобилен телефон додека го управувале возилото, а 11 возачи управувале возило под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.