Изложбата “19„ од Христина Зафировска од петок во Цепенков


На 16 јули 2021, петок од 13.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата “19„ од Христина Зафировска, што е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2021.

 

Текст за изложбата  од м- р Билјана  Галоска 

Во периодот што измина но и во оној што следи, човештвото се соочува со  промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаакрупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината. Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот сеуште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето,уште колку долго би траело ова?

Академската сликарка Христина Зафировска, преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“,на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикнатаод промените на животниот тек, настанати од пандемијата.  Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себего интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување.

Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот,кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината. Во кружниот, квадратниот и триаголниот простор со мирни потези нанесени се глатки брановидни и испрекинати линии – патот по кој вирусот се движи, а точкастите сегменти иницираат на  циркулацијата и ширењето на вирусот. Во секое дело применет е широк опсег на форми со кои авторката ги паралелизираваријациите на микросветот, а таквиот начин на изразување може да се види и во многу претходни нејзини циклуси и изложби. Кога ги гледаме имагинарните амебовидни и геометриски битиачудесно распрснати низ просторот, се запознаваме со богатата мисла и надреална фантазија на авторката сакајќи да ни пренесе кратка анимирана приказна. Концептот на делата е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Тоа е постигнато преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот.Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој штозаслужено можеда се категоризира како дел од модернатаапстрактна уметност.

Нејзиниот концентриран фокус покажува кон спремност за експериментирање со нови фантастични облици, кои ќе бидат пандан на фигуративната структура на вирусот кој прерасна во реална закана врз човештвото во 21 век.

 

БИОГРАФИЈА ХРИСТИНА ЗАФИРОВСКА

Родена во Скопје 1983 година. Завршува средно уметничко училиште на одсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовна уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на смер-сликарство со графички дизајн. Моментално е магистрант на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн.

2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година; исто така е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот;

Христина Зафировска работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, мозаикот, ѕидното сликарство, инсталацијата, сценографијата, цртежот, фотографијата и видеото;

Активно учествува на локални и регионални проекти, погранични соработки од областа на културата. Дел е од многубројни проекти, саеми на уметност, симпозиуми, фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, низ Европа и пошироко.

 

Професионално искуство и соработки:
2020 – објава на дело во годишниот фанзин „Кој работи тој и греши“
2020 – соработка со (НКЦ) Националниот конзерваторски центар за проектот „Градиште“ архолошки локалитет во близина на Кавадарци, Р. Македонија во улога на визуелен документатор на археолошките пронајдоци и артефакти;
2020 – соработка со детскиот културен центар „КАРПОШ“ како ментор за реализација на работилници за стоп анимација на тема „Три работи кои ги научив денес“ како дел од интернационален фестивал на креативност „Трамболини“во Скопје, РСM;
2020 – соработка со (НКЦ) Националниот конзерваторски центар за проектот „Пржалка“ архолошки локалитет во близина на Кавадарци, Р. Македонија во улога на визуелен документатор на археолошките пронајдоци и артефакти;
2020 – „Уметник на неделата“ ТВ ТЕЛМА;
2020 – соработка со детскиот културен центар „КАРПОШ“ како ментор за реализација на низа работилници на тема „Работилница за дизајнирање на лого и слоган“ како дел од проектот „Креативно менторство“ наменети за основни и средни училишта во Скопје, РСM;

2019 – дел од комисијата за избор на најдобро изработена амбалажа за пакување, како дел од настанот „ЕКО-ПАКЕТ 2019“ на тема „Електрични апарати во домаќинство“ учеството вклучува средни училишта од РСM;
2019-ментор на креативната работилница „Trash Fashion 2019“ за изработка на модни решенија и украсен накит од отпадни материјали.
Учеството вклучува средни училишта од РСM;
2019 – соработка со Центарот за култура за деца „КАРПОШ“ како ментор за реализација на низа работилници на тема „Стоп за анимација и креативни ИТ вештини“ како дел од проектот „Креативно менторство“ наменети за основни и средни училишта во Скопје, РСM;
2019-2017-соработка со „Македонија-Експорт“ – ментор на уметнички работилници за цртање, сликарство и сликање на стакло;
2018-дел од тимот за сценографија за снимањето на краткометражниот филм
„Шеќерни луѓе“ во улога на сет дeкоратер;
2018-соработка со „Вертиго“ за снимање на новогодишна реклама за Телеком,
во улога на сет дeкоратер;
2018- соработка со (НКЦ) Националниот конзерваторски центар за проектот „Гробишта“ архолошки локалитет во близина на Кавадарци, РСM во улога на визуелен документатор на археолошките пронајдоци и артефакти;
2018-дел од тимот за сценографија за снимањето на краткометражниот филм „Карам Кома“ во улога на сет дeкоратер;
2018/2017-дел од организацискиот тим на уметничкиот настан „International NIGBOR Art Days” под капата на Халибас Арт, кој беше реализиран во Април 2018, во Бор и Нигде, централна Турција;
2017-соработка со „Македонија-Експорт“ – ментор на уметнички работилници за цртање, сликарство и сликање на стакло;
2016-самостоен уметник, статус од Министерство за Култура на РСM;
2015-сопственик на компанијата ТП „Старт Арт“-уметнички занаети, Скопје, РСM;
2016/2015-соработка со (НКЦ) Националниот конзерваторски центар за проектот
Св. „Богородица Перивлепта“ во Охрид, Р. Македонија во улога на реставратор и конзерватор на фрескоживописот на црквата;
2007-во соработка со (МОБ) Македонска опера и балет, изработка на платна за сценографија на балетската претстава „Рајмонда“;
2008/2007- соработка со Британскиот Конзулат од Скопје, изработка на сценографија за краткометражен филм;
2003-државен проект „Пелинце“ дел од тимот за изработка на фасадниот мозаик за меморијалниот споменик Пелинце, Куманово;

 

Работно искуство:
2020/2019/2018 година – дел од креативниот тим на продуцентската куќа „ОХО“ Скопје, РСM;

2018/2017 – дел од креаивниот тим на „Бригада“ дизајн, Скопје, РСM;

2016/2015/2014/2013 – односи со јавноста, организатор и координатор на уметничките настани на Друштво на ликовни уметници на Македонија;
2011/2010 – маркетинг сектор на ПроКредит Банка (одговорна за изработка на промотивни и рекламни материјали наменети за банката);
2018/2009 – дел од дизајн тимот на фирми и маркетинг агенции како:
Балкан Дело, Фајн Арт, Про Дизајн;

-работно искуство како freelance designer;

 

Способности:

Познавање и работа со компјутери и практично искуство со:

– Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Corel DRAW, MC office;

-организациски и комуникациски вештини за посредување и преговарање;

– одговорна и ориентирана кон остварување на поставените цели и задачи;

– течно познавање на англискиот јазик;

– работа со интернет;

Самостојни проекти:

Во кои се обработуваат теми како што се: почетокот на создавањето, меѓучовечките односи, и подобрување на правата и третманот на жените во општеството. Проектите се презентирани во Германија, Франција, Бугарија и во повеќето градови во Р. Македонија.


2020-„Scary night via-starry night” култура во време на корона, МКЦ, Град Скопје;
2018 – “Colours & Abstraction” PoptArt Gallery Concept 37, Скопје, Р. Македонија;
2018-„SPROUT II“ Отворено Студио, Интарнационален град на уметности, Париз, Франција; 2017- „Никулец“ Музејска куќа „Робевци” Охрид РСM;
2016–“NEW URBAN MAN” НУЦК „Марко Цепенков” Прилеп, РСM;
2015–“NEW URBAN MAN-WOMAN” НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, РСM;
2014 –“WO-MAN”
– Културно информативен центар (КИЦ) Скопје, РСM;
– Центар за култура „Марко Цепенков” Прилеп, РСM;
2012 – „Трка на суети” Прима Центар Берлин, Германија;
2012/2011 – “Mainstream”
– Национална галерија на Македонија-Објект Чифте Амам, Скопје, РСM;
– Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово, РСM;
– Центар за култура „Марко Цепенков” Прилеп, РСM;
– Центар за култура „Антон Панов” Струмица, РСM;
2010 – „Визуализација на моментот”
– „Отворено графичко студио“ Музеј на град Скопје, РСM;
– Дом на култура „Иван Мазов Климе” Кавадарци, РСM;
– Галерија „Безистен” Штип, РСM;
– Музејска куќа „Робевци” Охрид, РСM;
2010 – „Три исти спротивности” Галерија „Владимир Димитров-Мајстора”
Ќустендил, Бугарија;
2009 –„Creation II”
– „Хотел Аполониа“ Гевгелија, РСM;
– Центар за култура „Марко Цепенков” Прилеп, РСM;
2007 – „Creation”
Младински културен центар (МКЦ) Скопје, РСM;


Фестивали:

2010 – “CopyBrains” – BIT FEST “Битола отворен град 2010″, интернационален уметнички фестивал Битола, РСM;

 

Регионални проекти:

2013 – „Различноста, како начин на градење капацитети во културните индустрии“ Подгорица, Црна Гора. Проект кој резултираше со потпишување на меморандум за соработка помеѓу  Друштвата на ликовни уметници од земјите на бивша Југославија
(Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Словенија);


Кураторски проект:

2013 – „Скопски Урбани Приказни“ на тема „Будење на солидарноста“ куратор и координатор на темата и учесниците на проектот кој се оддржа во централното градско јадро, во соработка на ДЛУМ и Скопско Лето, Скопје, РСM;

 

Погранични соработки:

2014 –Living history, Living nature“ погранична соработка помеѓу општина Новаци,  РСM и општина Алмопиа, Грција. Дел од ИПА програма, од која еден дел беше насочен кон визуелните уметности и соработка на ликовните уметници од двете земји;

Награди:
2016 – ДЛУМ „Мал формат“ награда за сликарство;

Стипендија за уметнички престој:
2018 – двомесечен престој во “Cite Internationale des Arts”- македонското ателје во Париз, Франција, доделена од страна на Министерство за култура на РСM. Престојот резултираше со презентација на дела на денот на отворени ателјеа (open studio);

 

„МОМИ“ група од 7 уметници

2018 – „НЕсТ“ Отворено графичко студио при Музеј на Град Скопје, РСM;

2015 – „Како снежна топка надолу по планината…“ Галерија ФЛУ-Скопје, РСM;

2014 – “Resist! What?” МОМИ „Галерија Карас“ Загреб, Хрватска;

2014 – „Да се истрае во кругот“ МОМИ „Културно Информативен Центар“ (КИЦ),
Скопје, РСM;
2014 – „МАЛИ НЕШТА (со големи букви)” МОМИ „Автономен Културно Социјален Центар“ Скопје, РСM;
2013 – „Множество, Божество, Рождество” МОМИ
„Културно-информативен центар на РСM во Софија“ Бугарија;
– „Галерија Подрум“ Културен центар Белград, Србија;
2013 – „Полукружење“ МОМИ-Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, РСM;
2013 – „МОМИ II” Дом на култура „Кочо Рацин” Галерија КО-РА Скопје, РСM;
2013 – „TABOO“ МОМИ-Интернационален фестивал за современи уметности „NUS“
Сплит, Хрватска;
2012 – „Бакнеж во уста” МОМИ Дом на култура „Иван Мазов-Климе” Кавадарци, РСM;
2012 – „Good Vibes” МОМИ Мултимедијален уметнички фестивал „БОШ“ Гевгелија, РСM;
2012 – „МОМИ” Кинотека на Македонија-Скопје, РСM;

 

Саеми за уметност, јавни презентации, фестивали, уметнички соработки:
Дел е од повеќе од 110 јавни презентации и изложби, соработки од областа на ликовната уметност, фестивали и уметнички саеми, повеќе од 30 уметнички собири и симпозиуми во Македонија и во странство како: Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Австрија, Франција, Белгија, Германија, Данска, Шведска, Русија, Романија, Чешка, Турција, Кипар, Кина, Индија, Филипини и Њујорк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи