Според последните информации повеќе од 30 илјади картички им се поделени на српските државјани кои транзитираат низ земјава за да можат бесплатно да ги поминат патарините низ овој коридор, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Се работи за владина одлука како знак на благодарност за она што го направи Владата на Србија за вакцинација на македонските граѓани. Српските граѓани од 15 јуни до 15 август се ослободени од патарини во земјава во знак на благодарност за донираните вакцини.
Патниците од Србија, кои со автомобил доаѓаат во земјава, на граничниот премин „Табановце“ добиваат М-смарт картичка со која ќе може бесплатно да поминуваат на патарините до граничниот премин со Грција. На картичките има кредит од 760 денари, колку што е потребно за поминување на Коридор 10 во двата патни правци.