Во Македонија присутни два, три соја на вирусот Ковид-19


Во Македонија има 207 случаи активни на коронавирус. Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека се присутни два или три соја на вирусот, додавајќи дека вакцината функционира против на сите соеви.

„Присутни се два, три соја на вирусот и тоа што е битно дека принципите се исти – вакцинацијата и превенцијата која важи за сите соеви. Вкупниот број на вакцинирани еве и по поединечни групи или вкупно во државата меѓу 70, 80 и 85 проценти би било нешто што значи колективен имунитет. Се проценува дека до крајот на јули околу 500 000 луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ќе бидат ревакцинирани“, додаде Филипче.

Тој потенцираше дека граѓаните мора да сфатат дека вакцинацијата е единствениот спас од Ковид-19, најавувајќи дека од есен најверојатно на масовни настани и на отворено и на затворено би се присуствувало само со сертификат за вакцинација против ковид-19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи