До 2027 година ќе патуваме со воз помеѓу Софија и Скопје, а по 2030 година ќе можеме да одиме на море во Албанија, бидејќи транспортниот коридор бр. 8 ќе биде изграден, изјави Красимир Папукчијски, генерален директор на државната бугарска компанија Железничка инфраструктура, јави БТА.
Денеска за првпат се одржасредба на високо ниво со претставници на Националното железничко инфраструктурно претпријатие на Бугарија, Македонски железници – Инфраструктура и Албански железници, на која се разгледуваше изградбата на транспортниот коридор бр.8.
На средбата учествуваа Красимир Папукчијски, генерален директор на ДП НКЖИ, Хари Локвенец, генерален директор на Македонски железници и Ани Дирмиши, извршен директор на Албански железници. Потпишан е договор за соработка за формирање на заедничка група. Бугарија има таква група со Република Македонија што работи на проектот за тунелот Девебаир.
На средбата се потпиша Трилатерален протокол за соработка со цел поинтензивна посветеност и соработка меѓу трите управители на железничка инфраструктура, информира Локвенец.
Должината на транспортниот коридор 8 е околу 500 километри.
„Бугарскиот дел е Софија – Перник, Радомир – Гуешево, каде веќе сме со конечен развој на делницата Радомир – Гуешево, со краен рок до 2027 година. Тогаш делот од Северна Македонија до Бугарија треба да биде готов. На нашата територија треба да се изградат 101 километар. … Македонија има изведувачи од Скопје до Крива Паланка. Тунелот кај Деве Баир ќе се гради заеднички од двете страни“, повтори Красимир Папукчијски.
Изградени се околу 150 километри железничка врска во трите земји. Македонија и Албанија обезбедија заеми за проектот, а Бугарија смета на финансирање од ЕУ.