Овој пат Пејо че ви кажи збор – два околу велосипедизмот во Прилеп, велосипедската инфраструктура колку ја има и зоште не. За дупките по прилепските улици големи колку вулкански кратери, за културата при возењето и на возачите на автомобили, но и на велосипедистите.
Гости во оваа емисија ни се дечките од иницијативата „Прилеп на Точак“ и здружението „Маркови Точакџии“, а ќе ја видите и првата вело приколка во Прилеп, на фамилијата Андоноски. Во оваа емисија ќе имате чест да го запознаете и првиот вело тип во прилепската полиција, составен од Кирил Рипилоски и Марина Нешкоска.