Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. УВ=9
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 18 °C до 38 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Денеска во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост. Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец.