Докторот Борче Јовчески ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори. Тоа беше потврдено на партиската трибина одржана во Паркот на непобедените.
Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски најави дека одлуката ќе биде официјализирана и на седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а истото го потврди и пратеникот Антонијо Милошоски на социјалните мрежи.
„Д-р Борче Јовчески за Прилеп, многу добро расположение и спремност за работа за доброто на општината и сите прилепчани“, напиша Милошоски.
Инаку Јовчески е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија.