Вакцините против Ковид-19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста.
„За да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани. Вакцини имаме доволно, а процесот на имунизација функционира одлично, за релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Досегашната статистика според Министерството за здравство е следната:
58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина;
55% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина;
50% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина;
40% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вкупно се аплицирани 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани.