УХМР најавува обилни врнежи до вторник, можно невреме и излевање на помалите реки

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 18 °C до 35 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од денес попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 90 км/час) и услови за појава на град.

Исто така, можна е и појава на течење и слевање вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд. За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање.

УХМР предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови.

Температурата од утре, 17 јули (сабота) ќе биде во постепено опаѓање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи