Отворени дебати во Ресен, Велес и Куманово

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Младинските тимови на ученици од Ресен,Куманово и Велес вклучени во реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, имаа средби со локални советници од Општинските совети и претставници на локалната администрација. Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На отворената дебати учениците имаа свои размислувања, дискусии и барања. Она што учениците го покажаа како интерес беше повеќе простор за културни настани и повеќе културни настани. Како потреба учениците побараа повеќе спортски теренеи и терени со рефлектори за ноќно спортување. Во делот на инфраструктурните проблеми беа побарани повеќе спортски патеки, беа потенцирани проблеми со недостаток на паркинг простор и несовесно возење.

 

 

Младинските тимови од СОУ „Цар Самоил“ – Ресен, СОУ „Јовче Тесличков“ и СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово и во текот на летните месеци ја потврдија својата активност и посветеност во реализиацијата на проектот.

Овој проект се реализира втора година и во истиот се вклучени 10 средни училишта од 10 различни општини од нашата држава.

 

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи