Во Прилеп се чествуваат 100 години од раѓањето на народниот херој Борка Талески

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилепската градска библиотека „Борка Талески” денеска ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на својот патрон, народниот херој Борка Талески.

Изутрината делегација на Библиотеката положи свежи цвеќиња и се поклони пред бистата на народниот херој и пред спомен обележјето во месноста Чашка.

По повод 100 години од раѓањето на Талески, во холот на Библиотеката, Сојузот на филателистите на Македонија, претстави две свои колекции, како и проектот „Седум народни херои” во чии рамки е и печатењето на поштенска марка со ликот на народниот херој Борка Талески.

Во соработка со АД Пошта на Македонија, на денот на раѓањето на Борка Талески, еднодневно ќе биде во употреба поштенски печат со неговиот лик.

Вечер, од 20 часот, на платото пред Библиотеката со пригодна програма ќе се чествуваат ликот и делото на Борка Талески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи