Времето и денес нестабилно, со пороен дожд и грмотевици

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Ваквото време се очекува да се задржи и утре, а од среда ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер, а низ повардарјето засилен ветер од северен правец.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати укажување и апел за превентивни мерки заради најавите за невреме и поројни врнежи, силен ветер, грмежи и електрични празнења во наредниот неколкудневен период. Покрај потребата за превенција од страна на надлежните, ЦУК апелира и за лично превентивно однесување за време и потоа во одредени локални региони.

Притоа од граѓаните се бара да не се движат покрај речни корита и суводолици заради можни брзи и ненадејни порои, да не престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност, односно да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи