Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени по кои ќе се продаваат горивата во наредната недела.
Согласно таа одлука, бензините поскапуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за 2 денари по литар.
Според новиот ценовник, литар дизел ќе чини 61 денар, Еуросупер 95 ќе се продава по цена од 72,50 денари, а Еуросупер 98 по цена од 74,50 денари.