Како што соопшти порталот Врањењуз, повикувајќи се на Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Македонија со првата доза е 11.743.
Бројот на граѓани на Република Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.012.
Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19 (7,7 отсто). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани (89,5 отсто).