Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка во Кичево

Здружението Центар за граѓанска иницијатива во рамките на проектот “Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка во Кичево“ финансиран од Сојузна канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија, одржа 10 информативни средби со учесници од Кичево за креирање на Програма за одговорна социјална поддршка на Роми и други маргинализирани групи во Кичево.

На средбите учествуваа претставници од Центар за социјални работи Кичево, претставници од невладин сектор, претставници од општина Кичево и претставници на други јавни институции од Кичево.

Подготовка на програмата за одговорна социјална поддршка за Ромите и другите ранливи категории, беше започната со собирање на податоци врз основа на прашалник развиен од експерт кој ќе ги земе предвид сите важни податоци, како што се семејни и правни податоци, домување, вработување и образование. Беше спроведено и истражување на репрезентативен примерок.

Експертот првично разви нацрт на програмата и потоа започна со организација на состаноците со советот за развој на програмата со цел да се дефинира главната поента од програмата. Првично беа развиени критериуми за примена во програмата, развој на матрица за проценка, и развој на формулари за апликација.Во исто време, со поддршка на општината и креираниот фонд за одговорно социјално се воспостави програма.

Согласно со програмата за одработување на долговите за електрина енргија и комунални услуги, ќе биде распишан Јавен оглас. Претставниците од Центарот за социјална работа ќе ги испратат информациите до финансискиот оддел и тие ќе ги направат трансферите за секое семејство кое што ќе ги исполнува условите.

Со користење на оваа методологија, ромската заедница ќе ја добие поддршка што им е потребна, но и општината ќе развие одговрна социјална поддршка за полесно интегрирање на Ромите во општеството.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи