Апасиев му одговори на Заев и му ги повтори аргументите против Законот за државјанство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи предмалку преку својот Фејсбук профил на прозивањето од премиерот Зоран Заев во врска со Законот за државјанство.

Тој ги посочи неколкуте проблеми кои што како што вели досега се елаборирани во над 20 саати говори на комисии во парламентот, на пресови, на ТВ емисии итн.

  1. Законот не се однесува на бездржавјани, туку на лица кои веќе имаа косовско државјанство – т.е. наместо на апатриди, се однесува на бипатриди!

  2. Законот е спротивен на Европската конвенција за државјанство на Советот на Европа од 1997 год. (која ние ја ратификувавме во 2002) и е во директна спротивност на Конвенцијата на СЕ за намалување на случаите на повеќедржавјанство (1963).

  3. Законот, по трет пат од распадот на СФРЈ (1991), ќе дава државјанство по пат на сукцесија – што е единствен пример на бившите југословенски простори.

  4. Законот не бара ефективна врска со државата која го издава државјанството, што е непознат феномен!

  5. Законот не предвидува познавање на македонскиот јазик како услов за стекнување државјанство преку т.н. „олеснета натурализација“.

  6. Законот предвидува давање државјанство со обични копии од платена сметка за струја!? (феномен непознат во светот).

  7. Законот не бара да се има извор на егзистенција, како досега (што значи новите државјани идат директ на терет на државата).

  8. Законот го намалува постојаниот престој за издавање државјанство на само 7 години!

  9. Во случај на реинтеграција, непрекинатиот престој се намалува од три на само една година!

  10. Проблемот на овие луѓе е институционален, а не легислативен (Македонија треба да цели кон поострување, а не кон либерализација на условите за стекнување државјанство).

  11. Законот е во функција на нов вештачки етно-инженеринг, во насока на фалсификување на демографската реалност, во очи на илегалниот Попис…


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи