„Пошта“ има потреба од 50 врабoтувања, на сметка минус од 1,5 милион евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Директорот Јани Макрадули вчера најави дека Пошта има потреба од 50-ина нови вработувања со цел подобрување на технолошкиот процес.

„Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но се уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование. Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари“, рече Макрадули во одговор на прашање по посета на Поштата ЕПМ 1013 Шуто Оризари.

Покрај одењето во пензија, додаде, имаме и една појава која ја испитуваме сега што влијае на одвивањето на технолошкиот процес зашто Согласно Закон, мораме да ги покриеме сите региони со поштари.

„Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку  ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во државата, но сепак законот им дозволува и затоа во вој момент трпи одреден дел од доставата“, прецизира Макрадули.

Според податоците на платформата БизнисМрежа.мк во последните пет години најмногу вработени оваа државна фирма забележала во 2016-та година кога имала 2.237 вработени или 227 работници повеќе од минатата година.Во последните две година АД Пошта работи со загуби.

Во 2020 во АД Пошта се регистрирани 2.010 работници.

Пошта во 2019-та остварила приход од 19,5 милиони евра. Сепак годината ја завршила со минус на сметка од еден милион евра.

Во 2020 година оваа државна фирма забележала помал приход од 19 милиони евра. Сепак загубата кај профитот се зголемила, па лани АД Пошта генерирала загуба од 1,5 милион евра.

Извор: Пари.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи