Започна ликовната колонија Дрен 2021


По 13. пат, од 19.  до 25. јули во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи веќе традиционалната ликовна колонија Дрен 2021, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Годинава ќе творат уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.

Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи