На денешната прес-конференција за медиумите, министерот за здравство Венко Филипче истакна колку случаи на индискиот сој има во Македонија во моментов.
„Ја следиме внимателно состојбата и ќе преземаме мерки доколку тоа е неопходно. За случаи на индискиот сој, 3 се во Скопје, по 1 во Куманово и Тетово. Од вкупно 8 анализирани соеви, не е тој ексклузивен, ги има и другите соеви.
За сите соеви и мутации на вирусот вакцината е единствениот спас и мора да се свесни граѓаните дека тоа е начинот на кој ние можеме да ставиме крај на пандемијата“, порача Филипче.