Дали попишувачите треба да бидат вакцинирани?


Од вчера почна пријавувањето на попишувачите и на инструкторите што ќе го спроведат пописот од 5 до 30 октомври.

Државниот завод за статистика (ДЗС) бара 6.000 попишувачи, при што нивниот вакцинален статус за корона не е критериум, туку само препорака.

„На апликацијата за пријавување има прашање за кандидатите дали се вакцинирани, но критериум за избор е успехот на тестирањето што ќе биде спроведено. На реонските попишувачи и инструктори само ќе им биде препорачано да бидат вакцинирани, со цел процесот да се одвива во безбедни здравствени услови. За нас во овој момент е најважно да обезбедиме доволен број попишувачи. Апелираме до заинтересираните да се пријават на конкурсот  и да дадат придонес во оваа најзначајна статистичка операција во општеството. Да се биде учесник во попис е интересно и незаменливо искуство“, велат од ДЗС за „Слободен печат“.

Освен на веб-страницата на ДЗС заинтересираните кандидати можат да се пријават и со апликација со мобилен телефон. Конкурсот трае до 5 август, тестирањето, изборот  и објавувањето на конечните листи треба да заврши до 15 август.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи