За пукање на свадба казна од 200 до 500 евра, можна е и затворска казна од 1 до 5 години

Facebook
Twitter
Email
Print


Од втората половина на овој месец во полн ек е организирањето свадбени и други свечености. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје.

„Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност”, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик)“, велат од СВР Тетово.

Апелот на полицијата се однесува и за воздржување од неовластено организирање огномети.

На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а  организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки за заштита на животот и имотот на присутните на свеченоста.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи