Прстен со кашмирски сафир продаден на аукција во Монако за 2 милиони евра


Прстен со кашмирски сафир од 27 карати е продаден за 2,1 милиони евра во понеделникот вечерта на аукција организирана во Монако од aукциската куќа Монте-Карло.

Проценет помеѓу два и три милиони евра, овој скапоцен камен, монтиран на прстен од платина и жолто злато со двоен ред тркалезни дијаманти, беше ставен на цена од 1,7 милиони евра во париското кафе Кафе де Париз.

Купувачот, од италијанска националност, ќе треба да плати вкупно 2,7 милиони евра за овој скапоцен камен што претходно припаѓаше на европско кнежевско семејство.

Најубавите примероци од сафири од Кашмир, многу популарни кај колекционерите, редовно се продаваат за над милион евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи