Дубаи создава вештачки дожд за да се избори со пеколните температури


Дубаи е место каде што летните температури редовно знаат да бидат и над 48 степени Целзиусови, во обид да се справат со екстремните временски услови и да ги зголемат врнежите, властите во Дубаи ангажираа научници за да направат да врне дожд, пренесува Индепендент.

Во 2017 година, Обединетите Арапски Емирати инвестирале 15 милиони долари во 9 проекти за создавање вештачки дожд.

Користејќи ја моќта на дронови, засилениот дожд „ослободува електрични полнежи во облаци со цел тие да се збијат заедно и да формираат врнежи“. Дроновите ги пресретнуваат облаците со електрична енергија што ќе ги присили капките вода да паѓаат како дожд. На овој начин, не се потребни никакви хемикалии и се вели дека се повеќе еколошки.

За сега системот на места работи подобро од што треба, па делови во околината на Дубаи беа поплавени како последица на вештачкиот дожд.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи