Заев: И понатаму ги бараме сите легални начини како Груевски да биде вратен назад


Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Conflict Zone” на „Дојче Веле“ порача дека и натаму се истражуваат сите легални начини како Никола Груевски да биде вратен во Македонија од Унгарија каде што доби азил.

„Северна Македонија и понатаму ги бара сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад, со цел да ја отслужи казната изречена од судот. Ова е многу важно. Сакам да истакнам дека и многу екс министри кои биле луѓе блиски на оваа власт, ги отслужуваат своите казни  или се на суд. Имаме многу случаи кои потврдуваат дека владеењето на правото е еднакво за сите. Во нашата земја секој коментар може да покрене истрага. Антикорупциската комисија има комплетна независност и тоа е потврдено во сите извештаи. Имаме целосна независност и на судските органи и на органите на прогонот. Побаравме одговорност и од судиите и 12 судии се отповикани заради лошо работење во нивниот мандат “, вели Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи