ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути без ДДВ

Facebook
Twitter
Email
Print


Треба да се легализира трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ. Предлог законот ќе опфаќа и даночно ослободување со 0% данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до 2023 година, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Трговијата и чувањето на криптовалути е веќе возможно во развиените земји. Во САД Пеј пал веќе нуди на своите клиенти трговија со криптовалути, а во Германија над 40 банки вршат размена и плаќање со криптовалути.

Да не чекаме иднината да дојде, туку да ја донесеме иднината.

Со формализирање на трговијата и чувањето на криптовалутите се создава правна сигурност на тргувачите и се овозможуваат големи приходи за буџетот.

Со ова предлог решение може да се генерираат и до половина милијарда евра во буџетот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи