Група јапонски уметници се надеваат дека ќе го доловат духот на претстојните Олимписки игри и јапонската култура цртајќи ги знамињата на земјите што ќе се натпреваруваат налик на самурај.. 15-те уметници кои се автори на проектот не заработуваат пари од ова и го прават во слободно време. Досега нацртале самураи со знамињата на 84 држави, од вкупно 200 кои ќе се натпреваруваат. Меѓу нив е претставено и знамето на Македонија
„Манчевски, висок 182 цм, најмногу сака да јаде ќебапи и мусака. Негова јака страна се независноста и лидерството. Тој е пријателски настроен кон сите.“
„Самураите се уникатни за Јапонија и сакаме сите да ја запознаат традиционалната јапонска култура“, вели креаторот Камаја Јамамото за BBC.
Пред да го направи дизајнот, тој го истражува значењето и историјата на знамето на земјата, а потоа ја истражува и нејзината култура. Секој лик, исто така, доаѓа со краток опис на нивната личност, јаки и слаби страни, како лик од видео игра.
„Овој проект го започнавме откако ја препознавме различноста меѓу сите луѓе во светот. Исто така, веруваме дека илустрацијата е совршена алатка за истакнување на ова. Нашето мото е „Целиот свет е кул“, велат уметниците.
Самураите играле огромна улога во јапонската историја уште од 12-ти век. Иако самите самураи веќе не постојат, останал системот на чест и дисциплина како важен во јапонската култура дури и денес.
Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020 ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот по македонско време на „Националниот стадион“ во Токио. Уметниците се надеваат дека ќе го кренат олимпискиот дух во јавноста, иако годинава игрите нема да можат да се гледаат во живот поради пандемијата на Ковид-19.
Самураите на сите земји може да ги видете ОВДЕ.