Свечената церемонија на отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио започна во 13 часот, а за првпат во својата историја спектакуларниот настан се одржува пред минимален број на гости, околу илјада делегати и останати гости, јавува Би-би-си.
Македонија во Токио ќе биде претставувана од спортистите:
Дејан Георгиевски (таеквондо),
Миа Блажевска Еминова и Филип Дерковски (пливање),
Јован Стојкоски (атлетика),
Арбреша Реџепи (џудо),
Борјан Бранковски (стрелаштво),
Пуликсенија Јовановска (карате) и
Магомедгаџи Нуров (борење).