Во дворот на училиштето Исмаил Ќамили во Црнилите беше организирана Отворена дебата на ученици од тимот со претставници на Општина Долнени и тоа од оделението за образование, оделението за даноци и други локални политичари. На оваа средба се дискутираше за потребите на младите во оваа рурална општина. Младинскиот тим побара решавање на некои инфратсруктурни и образовни потреби како, подобро организран транспорт низ општината меѓу селата, збогатен фонд на библиотеката со белетристика, простор за културен центар и опремен со музички инструменти, повеќе спортски центри и други предлози.
Младинците побараа да им се организира средба со градоначалникот и посета на општината. Тимот на проектот се вклучи во комуникација на општината и веднаш за неколку дена беше организирана средба со градоначаникот во неговиот кабинет.
Во кабинетот на градоначалникот дојде целиот младински тим. Имаа можност отворено да разгобараат со него и да дадат свои идеи и предлози. За пофалба е подготвеноста на младите за застапување на своите идеи пред градоначалникот и нивната отвореност во нови барања и потреби. Градоначалникот ги слушна сите нивни презентации и им даде одговори кои од нив можат веднаш да се реализираат, а кои ќе бидат дел од новата програма. Учениците беа среќни што веќе неколку нивни идеи ќе почнат со реализиација со почетокот на новата школска година.
Автор : Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.