Битиќи: За 3 месеци ќе стигнеме до нето плата 750 евра


Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, на партиската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола ја коментираше најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат план за постигнување 750 евра плата и најави дека и власта ќе псотигнела такво нешто уште за три месеци.

Рекоа дека ќе ја направат просечната плата од 750 евра, но не кажаа дали тоа е бруто или нето, a ние за 3 месеци ќе стигнеме до бруто плата од 750 евра, нешто што и го најавивме, вели Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ.

„Буквално на 1.200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата“, рече Битиќи.

Вели дека се залагаат платите да бидат минимум 50 отсто над минималната плата.

„Замислете ВМРО користеа  ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари, но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минималната плата повеке од 22.500 денари, можеби не е доволно, но секако е повеќе“, рече тој.

Битиќи најави дека до крајот на годинава новите инвестиции ќе отворат 1.600 работни места.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи